Познато е дека пејачките ги следат модните трендови и се грижат за својот изглед. Редовно вежбаат, се хранат здраво, посетуваат козметички салони, а најзадолжително без исклучок за целосно да бидат тип топ средени кога се појавуваат во јавноста, поминуваат низ рацете на својот фризер.
Ниту повеќето од македонските пејачки не прават отстапка од ова правило, а да изгледаат што по уникатно и посветски, комплетно се препуштаат во имагинацијата на оние кои се занимаваат со грижа за убавината.
Па така двете пејачки Антониа Гиговска и Сузана Гавазова веројатно го посетија истиот фризер во различно време или пак едната ја ископира другата, останува мистерија?! Но и двете дами завршија со стилизирани шишки залепени на челото.
Можеби на многумина оваа фризурата им се чини чудна, бидејќи не е секојдневие што може да се види, но кај јавните личности за да го привлечат вниманието нема ништо интересно во фризурите што повеќето други би ги сметале за нормални.
Антониа Гиговска со тој имиџ со прамени од шишки на челото се појави на својата промоција на нејзиниот деби албум, во трговскиот центар „ Скопје Сити мол“.
Таа пред многубројната публика која дојде на нејзиниот важен настан за неа, беше многу возбудена и сакаше да изгледа уникатно.
Но сега се појавија фотографии и на Инстаграм профилот на Гавазова каде и таа на „Роса фолк Фест“ ја има истата техника на стилизирање.
Прамените коса стилизирани на челото и кај двете изгледаа впечаливо, а краткиот одговор е дека сепак имаа иста фризура.
фото: printskrin/instagram/