Календарски ставивме точка на месец февруари, но од реалното чувство како да не знаеме во кое годишно доба се наоѓаме моментално.
Иако зима, надвор, нејаснотии… Пролет, на моменти есен, навечер зима!
Временски хаос во кој сите сме изгубени, особено метеопатите, а со таква дијагноза под ова наше поднебје веќе има армија.
Командат или претседател на истата се нагласи шоуменот Игор Џамбазов, кој во ова време- невреме преку социјалните мрежи побара сочувство, односно утеха дека не е сам во маката.
View this post on Instagram
-Колеги метеопати. Како главата? Бучи ли? Како снагата? Трне ли? Како вилицата? Се кочи ли? Пуштете некој збор на утеха. Ве сака вашиот претседател … се жали Игор.
Реакции бурни и хаотични, толку многу на број што ралноста не беше за утеха, туку за групно жалење.
-Уф, уште од сабајле ми е стемнето се пред очиве, главата бумбар, се пожали водителката Ирена Спировска.
-Не се издржува веќе 4 ден, се јави во клубот на метеопати и Викторија Лоба.
-Умирам по цел ден, и влагам у кола да не се онесвестам пред народ. 3 кафетина ми е дневна доза. Спијам ко да дојам бебе старо три дена, се жали и Миа Костова.
-Ќе ти мине чедо, ко на кутре… Врати Џамбазов, ако ништо друго да се насмеат на сопствените маки.
Ролеркостер во главите, грч во телото и летаргија за се’ освен за исповед на социјални мрежи, место каде барем има утеха и тоа во мера навидум е лек од кој на крај едно е јасно – што и да е, ќе помине!
фото:Instagram printscreen/ igordzambazov