Радио Милева Вљубена

Катарина Живковиќ e бремена, а сите се прашуваат кој ѝ е партнер (фото)

Катарина Живковиќ e бремена, а сите се прашуваат кој ѝ е  партнер (фото)

Пејачката Катарина Каќа Живковиќ наводно е во блажена состојба, а според локалните медиуми таа е во петтиот месец од бременоста.

Имено, Катарина веќе подолго време е во врска со маж кој не сака јавно да го претставува, а романсата е исто така многу сериозна, за што неодамна проговори Каќа.

– Вљубена сум и на љубовта ми возвраќа прекрасен човек, за кој слободно можам да кажам дека е љубовта на мојот живот, дека е моја поддршка, дека ми е ментор – изјави прво Живковиќ.

– Научив многу од него и сè уште учам, па многу сум среќна што го имам – додаде победничката на реалното шоу „Фарма“ за „Гранд“.

Фото: printskrin/instagram/katarina_zivkovic_official

 

To top