Радио Милева грми

Мики Секуловски повторно издоминира на сцената на „Гранд“, а неговиот импресивен настап ја збуни новата водителка Ана Севиќ (видео)

Мики Секуловски повторно издоминира на сцената на „Гранд“, а неговиот импресивен настап ја збуни новата водителка Ана Севиќ (видео)

За македонските фанови и гледачи на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, од емисија во емисија станува се’ повозбудливо. Па така, од најновото и последнио саботно издание првиот музички дуел од шестиот круг го отворија Алмри Делиќ и нашиот Мики Секуловски кои грмеа на сцената, а многумина коментираат дека нивниот настап е судир на два титани.

Ова беше истовремено и дуел на фолк и рок, а колку беа добри на сцената говорат и големиот број гласови на стручното жири, особено на македонскиот кандидат кој редовно прави вистинско шоу на сцената со секое свое појавување.

Мики победи на овој дуел, со шест гласа, додека Амир пет.

Ана Севиќ по настапот се збуни, па рече дека и двајцата натпреварувачки освоиле максимален број гласови. Саша Поповиќ веднаш ја поправи и и’ рече да погледне подобро, а Ана веднаш се поправи.

 

– Шест, шест честитки, момци. Мора да го направиме тоа повторно, грешка. Извини, не видов добро – рекла Ана, а Саша веднаш се пошегувал:

– Пак нема ништо! Ова е интересна работа, се гледа дека кај нас нема повторување. Ана, гледаш, па броиш убаво, сугерираше Поповиќ низ шега во коментар за новата водителка Ана Севиќ.

Мики како и сите претходни кругови ги доби сите пофалби на жирито, простор за забелешака немаше, а веќе од порано стана јасно дека наш Мики вели е фаворит за финале, ако не и победа.

фото:You Tube printscreen/ Zvezde Granda

To top