Покрај песните и пеењето, однесувањето, изгледот, имиџиот… заедно со доброто менаџирање се пресудни за кариерата на еден естраден уметник. Особено за пејачките, кои покрај „златното грло“ би требале да поседуваат уште грст „златни нешта“ за да успеат, меѓу кои она што прво паѓа в очи е физичкиот изглед и секако стајлингот!
Од фризура до обувки и се разбира гардеробата која ја носат на себе, зашто како што вели старата поговорка: „Руба краси, руба гнаси“ е особено изразена на естрадата! Таму мора да си впечатлив, уникатен, оригинален… да не изгледаш „евтино и петпарачки“, туку стајлингот да ти биде како „од милион долари“! Се разбира, секој/а не може да си ги дозволи скапите брендови, ама затоа мора и може да си ги задржи оригиналноста и прилагоди вкусот на сопствениот физикус и комплетен изглед воопшто.
Впрочем понекогаш и со поевтини модни парчиња, ако се добро вкомпонирани, може да се изгледа „холивудски“ иако на себе не носите скапи светски марки!
View this post on Instagram
Сепак, многу често на естрадата се случува сакајќи да ги следат модните трендови, поедини естрадни ѕвезди случајно или намерно да бидат исто облечени во различно време и прилики! Онаа што прва на себе ќе го исфорсира трендот е најчесто оригиналната, останатите што по неа ќе се променат во иста или слична комбинација се „бледа копија“?
Или барем така сакаат да ги прикажат медиумите и обожавателите, иако можеби и не е баш така, зашто трендот е тренд и модата не е наменета само за една личност, ама сепак… Која прва ќе ја примени откако трендовски ќе се промени, таа е „модната кралица“, а останатите се само… „една од многуте по неа“!
Токму една иста модна комбинација со животински леопардов принт е пример за тоа која е која на регионалната естрада кога е во прашање последната мода!
Јелена Карлеуша во тој поглед важи за неприкосновена, па уште во почетокот на ноември минатата 2023-та, и овој пат беше првата која изгледаше како „дива мачка на вжештениот естраден подиум“!
Од бунда од вештачко крзно со црни дамки…
…Преку длабоко деколтиран корсет и чизми до препони со истата шара, „белградската мала од скандала“ покажа дека и овој пат е уникат!
Деновиве новата регионална фолк мегаѕвезда Александра Пријовиќ имаше серија концерти низ регионот.
На еден од своите настапи во преполните сали во Хрватска, од грстот модни комбинации на сцената се појави во иста комбинација од леопардов принт, само малку стилски поразлична.
Место корсет, деколтирано мини фустанче над колена, чизмите слични како кај колешката, а сето тоа надополнето со високи ракавици до надлактици, секако со истиот леопардов дезен!
По Хрватска и Србија, дојдовме и до Македонија… каде по Карлеуша и Прија вака „диво“ променета ја видоме и наша Антониа!
Од грло до глуждови во леопардов принт креација, како следбеник на модниот тренд или само комшиска имитација?
Дилемата ви ја оставаме вам, кој како сака да го толкува овој стајлинг на Антониа, но едно е сигурно, дека и нејзе истиот ништо помалку добро не и прилега!
Инаку, животинските дезени се нешто во што поретко ја гледаме Гиговска, но таа покажа дека одлично изгледа и во вакво издание.
И покрај тоа што е закопчана до грло, Антониа изгледа мошне атрактивно и доволно провокативно за да ја разбранува фантазијата и дополнително поттикне возбудата на својот настап на кој вака се појавила.
Патем, креација е дело на македонската дизајнерка, кумановката Ива Спасовска и нејзиното модно ателје, а во која Гиговска исто така изгледа како „дива мачка“…
Леопард, гепард или јагуар – проценете сами од шарата. Она што го пее меѓудругото на сцена, носи наслов – „Хиена“!
Фото: Инстаграм/karleusastar/aleksandraprijovic/antoniagigovskaa