Радио Милева „метастазира“

Решение се’ уште нема: Каролина Гочева не може да крене глава од проблемот кој долго ја следи (фото)

Решение се’ уште нема: Каролина Гочева не може да крене глава од проблемот кој долго ја следи (фото)

Регионалните музички ѕвезди, особено дамите чија популарност е поголема, редовно имаат проблем со користење на нивниот лик и имиџ илегално.

Последна во низата злоупотребени која јавно реагираше е српската пејачка Милица Тодоровиќ која наводно рекламира производи за слабеење за кои ниту чула, а најмалку пак ги пробала.

Тодоровиќ најави тужба бидејќи веќе не знае како поинаку да постапи по многуте реакции за создавачите на ваквата манипулација и лага да сопрат.

Крај нема и за нашата пејачка Каролина Гочева.

 

Иако и таа неодамна јавно реагираше и побара помош да се пријавуваат ваквите профили, проблемот не е решен, а лажните објави се’ уште кружат на Фејсбук и Инстаграм.

Брчките ќе исчезнат инстантно, се вели во лажната објава која пак никако да исчезне така ефектно.

Проблемот на Калолина се шири како и брчните со текот на времето, а алтернатива за истите веројатно ќе треба да се побара на повисоко ниво.

За потсетување, освен Гочева, со ваков проблем од дигитална злоупотреба се соочија и Калиопи и Антониа Гиговска.

Познатите се одлична прилика како промотори за истите, но тие не секогаш вистински се дел од тоа или лица на ваквите кампањи, особено не за некои досега неслушнати имиња на козметика.

Времето на лаги и измами на социјалните мрежи зема се поголем замав, затоа разумно и со резерва треба да се земат профилите и објавите на истите.

фото: Instagram printscreen/ karolinagocheva/ Facebook/ Karolina Goceva/ milicatodorovicofficial/ kaliopi_official

To top