Водителката на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, Сања Кужет неодамна откри дека е во блажена состојба, поради што замина на породилно.
Таа сега им се обрати на многубројните следбеници преку нејзиниот профил на Инстаграм.
Имено, водителката објави две фотографии кои се направени за време на снимањето на емисијата и во таа прилика истакнала дека до тогаш немала поим дека е во друга состојба.
View this post on Instagram
– Толку од мене, за оваа сезона, драги луѓе… Сликите се направени на последниот ден од снимањето… Кога немав поим дека нема да ја завршам. Одиме на нови приватни победи! – напиша водителката во објава на Инстаграм.
Во јавноста многу се шпекулираше кој ќе го заземе местото на Сања, а сега се појавија информации дека наводно Ана Севиќ е новата водителка на „Ѕвездите на Гранд“.
Фото: printskrin/instagram/sanja_kuzet