За Сузана Гавазова важи дека е ѕвезда на естрадната сцена, домаќинка по дома, посветена мајка, и одана сопруга… Или што би рекле комплетна жена за сите дејности времиња. Арно ама, никој не е совршен, па од сите овие нејзини квалитети и активности, од кои некои мора да се подобри, поизразени, посовршени за разлика од другите, па и немажените и особено сопругите се запрашаа, кога е веќе толку добра, во што тоа од сето ова е најдобра Сузана Гавазова?
Одговорот на светото тројство: Госпоѓа на улица, домаќинка во кујната и старлета во спалната, веројатно најдобро го знае сопугот Јасмин.
Арно ама она што јавноста е љубопитно желна да го дознае, за да поверува дека е тоа така мора да го види сосвои очи и од прва рака. Затоа Гавазова реши да им демонстрира како ординира оваа жена… И во кујната и пред огледало, во подготовка за на сцена. Заеднички именител во покажувањето – мешањето!
Зашто, како поинаку пејачката да докаже ако не покаже, дали е подобра домаќинка или танчарка? До душа не е прв пат, зашто во последно време секое второ видео стори на Инстаграм и е мешање!
View this post on Instagram
Или меша да не и загори додека готви домашно јадење, некоја манџа или специјалитет или меша вртејќи со колковите и извајаната задница и тоа најдобро на свет!
Е арно ама, прашањето е во што Гавазова е подобра? Дали како совршена домаќинка или како секси танчарка?
За да нема многу нагаѓана денешново нејзино Инстаграм стори е како создадено за споредба во што е подобра струмичката фолкерка?!
Погледнете па сами проценете, што подобро меша Гавазова – чорба или колкови?
Фото и видео: Инстаграм/suzanagavazova