Радио Милева

„Би се вратила дома“: Милица Тодоровиќ незадоволна на свадбата на Пријовиќ!

„Би се вратила дома“: Милица Тодоровиќ незадоволна на свадбата на Пријовиќ!

На венчавката на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ имаше 900 гости, меѓу кои пејачи, водители, бизнисмени, спортисти.

Меѓу нив беше и младата пејачка Милица Тодоровиќ која пристигна нервозна на свадбата и сакаше да се врати дома. Таа се појави во долга сива тоалета со висок шлиц.

„Јас не знам дали ти можеш да забележиш, но јас сум многу нервозна. Мене толку ми е топло во овој фустан и од косата. Јас би се вратила дома  да се пресоблечам“, изјави Милица.

Меѓутоа, пејачката не се врати дома, туку влезе во салата каде што беше забавата.

За потсетување, Филип и Александра беа во врска четири години, а вчера официјално станаа сопруг и сопруга, а нивната свадба ја нарекоа „свадба на деценијата“.

фото:принскрин/клип

To top