Рада Манојловиќ неодамна изрази желба да сними дует со нејзиниот брат Ненад. Сепак, како што пишуваат медиумите, тој одбил да соработува, а сега се огласил и ја кажал својата страна на приказната.
Пејачката Радмила Рада Манојловиќ неодамна на својот профил на социјалната мрежа Х напиша твит за кој многумина се сомневаа дека е упатен до нејзиниот полубрат, пејачот Ненад Манојловиќ, бидејќи одбил да сними дует со неа.
– Колку може најродените да те разочараат, тоа никој друг на светот не го може. Тажно – напиша тогаш Манојловиќ.
Сега, по повод овие наводи, Ненад се огласи, ја претстави својата страна на приказната и ја откри врската со Рада:
– Прочитав некои работи за тоа на интернет, а да бидам искрен, не ни зборував со неа за тоа. Тоа не е прв дует кој ми го предложила, тоа е трет или четврти за кој зборуваме – рекол пејачот, а потоа додал:
– Јас ги предложив првите две, а таа одби бидејќи не и се допаѓаа песните. Во оваа трета песна има игра на зборови во која се спомнува таткото и дека тој некаде со себе го зел и синот. Тоа ми беше малку одбивно. Потоа направивме новогодишна и буквално немав слободни денови, па само гледав кога ќе поминам малку време со децата и мојата сопруга. Сакав да го оставам телефонот затоа што постојано ѕвони и ако одговорам на сите, нема да го пуштам со денови. Се случуваше да не и одговорам, но тоа е најнормално бидејќи и таа на мене не ми одговарала по десет дена. Нормално е и не ја обвинувам – рекол Ненад, а потоа ја коментирал реакцијата на сестра му на одбивањето на песната:
– Мислам дека таа реагираше малку побурно бидејќи не сакав да снимам песна што не ми се допаѓа. Таа го најави дуетот без воопшто да ме праша. Беше малку прерано – заклучил Манојловиќ за Блиц.
фото: принтскрин/instagram/radamanojlovic/nenad.manojlovic.official