Една од најпопуларните холивудски актерки Шерон Стоун со години важеше за една од најфаталните жени, а и денес на 65-годишна возраст успева да одржи линија на која можат да и позавидат и многу помлади.
Сепак, таа нема среќа во љубовта, па решила да отвори профил на Tinder, апликација за запознавање.
View this post on Instagram
Инаку, актерката шест години беше во брак со новинарот Фил Бронштајн, од кој добија син, кој по долга битка за старателство отиде кај неговиот татко.
View this post on Instagram
– Бракот беше вистински неуспех за мене. Поранешниот сопруг не ме забележа, не ме чу, не ме виде – изјави еднаш таа за „Дејли мејл“.
По него Шерон три години беше во врска со продуцентот Мајкл Гринбург, а нивната љубов беше крунисана со свршувачка. Шерон на крајот му го врати прстенот по пошта.
фото:instagram printscreen/ sharonstone