Водителката Александра Пановска Илиевска во секоја прилика ја гледаме насмеана и позитивна.
Таа е редовна на социјалните мрежи, а пред многубројните фанови ги споделува убавите моменти со кои и е исполнет денот.
Многупати досега на нејзиниот Инстаграм профил ја споделила атмосферата од студиото каде што работи, а неретко и со колегите знае да застане пред камерата и да позираат заедно.
Овој пат таа го извади мобилниот додека се возеа топтан во лифтот заедно со нејзините драги колеги Роберт, Цеце, Милена и Вера каде „заглавија“ со фоткање но и така „натискани“ покажаа колку се убави и расположени.
„Настискани“ – стоеше кратко и јасно во описот на фотографијата, а на нивните лица задоволството и позитивната енергија не можеше да се сокрие. И не треба, освен ако лифтот не даја Боже , не се заглави на подолго!
Важно е дека нема ништо поубаво од тоа кога сите се сложни и заедно, а веројатно тоа беше и пораката која сакаат да ја испратат до сите за убав ден.
фото: printskrin/instagram/aleksandra_panovska_ilievska