Радио Милева радоста на исчекувањето

Снеже Велков има проверен рецепт за љубовни шепотења: „Дојди ми со најава“ (ВИДЕО)

Снеже Велков има проверен рецепт за љубовни шепотења: „Дојди ми со најава“ (ВИДЕО)

Љубовта, тоа толку возвишено чувство по кое сите копнееме, без кое не можеме да живееме, по кое патиме, тагуваме, на кое безусловно му се препуштаме, во кое безрезервно веруваме, бескрајно уживаме…  Остварена, неостварена, возвзвратена, невозвратена, среќна или тажна, вистинска или лажна… Ја има во сите форми и облици, ја има откако светот постои, а сепак никој не успеал до крај да ја разобличи. Да ја најде волшебната формула како некого да освоиш, да направиш да бидеш сакан, другиот да не може без тебе… Зашто, како што секој  од нас е посебен, така е посебна и љубовта која ја даваме и примаме, која ја воспремаме и споделуваме, ја добиваме и губиме…

Отааму и вечното прашење, постои ли универзална формула, проверен рецепт за  среќна љубов? Иако сите знаат дека такво нешто речиси и да нема, македонската ТВ водителка и екс пилатес инструкторка Снеже Велков реши да демантира, па сподели проверен рецепт… за љубовни шепотења!

Само што нејзиниот рецепт со „љубов во најава“е чисто од практична причина… Една или повеќе, ќе ви објасни Снеже, во својата љубовна беседа за споделување љубов… со најава!

Дали и зошто е малку, ако љубовниот споделувач и дојде ненајавен, дали од страв да не ја најде неподготвена или има некоја друга причина за многу повозбудливи љубовни шепотања, јавно ќе ви раскаже најголемата македонска „ТВ љубовџика на веков“, романтичната и сензуална, Снеже Велков.

Ова е нејзината тајна за радоста на исчекувањето, преточена во јавна поетска објава за љубов со најава:

„Дојди ми со најава..

Кажи ми два дена претходно

Кажи ми точен час и минути.

Не доаѓај не најавен

Не ме лишувај од радоста на исчекувањето

Не ми ја одземај убавината на приближувањето на часот

Не ми ги скратувај насмевките и срцебиењата при легнувањата

Ниту возбудата од  изгрејсонцето за денот кога ќе дојдеш е близу

Ако дојдеш не најавен ќе ја имам само радоста во моментот.

А малку е.

Дојди ми со најава

Да ме радува исчекувањето“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

Фото: Инстаграм/velkovsneze

To top