Здравствената состојба на медената хероина Атиџе Муратова е влошена.
Дека Атиџе се соочува со здравствени проблеми, преку социјалните мрежи откри нејзината блиска пријателка, водителката, писателка и музичар, Сузана Турунџиева. Сузе обзнани дека благодарение на првата сосетка на Атиџе, тетка Илинка со која се многу блиски и се јавила загрижена за влошената состојба на Атиџе.
Навремената реакција и повик до вистинската личност која многу добро ја познава Атиџе, резултирала со исто толку брзата реакција на итната помош и лекарите.
– Понекогаш соседот ни е повеќе од роднина!
Бескрајно БЛАГОДАРАМ на тетка Илинка, првата сосетка на Атиџе која видно загрижена синоќа ми се јави и ми кажа дека Атиџе е во лоша здравствена состојба. Веднаш ја контактирав матичната докторка на Атиџе – др.Сузана Јовановска Илиева, која реагираше во истиот момент, ме смири, ми помогна и ме упати на дежурните во брзата помош на Св.Николе, каде се уверив во нивната огромна експедитивност и професионализам. Благодарение на нив, Атиџе вчеравечер беше пренесена во болницата во Велес. Огромна среќа е што и таму, во Интерното одделение, дежурните лекари и дале веднаш терапија и ги направиле сите неопходни анализи. Денеска Атиџе е во многу подобра состојба, а на моја замолница беше и посетена од др.Лилија Чолакова Дервишова. Бескрајно БЛАГОДАРАМ добри луѓе, а најмногу од се БЛАГОДАРАМ на тетка Илинка, која за Атиџе се грижи како за нејзина ќерка, пишува Турунџиева во својата објава на социјалните мрежи.
Реакции со поддршка и желби за брзо закрепнување на Атиџе имаше доста, а Турунџиева во еден свој коментар ги дополни дека животот е чудо Ирена, точно знае кога со кого да поврзи, а кого со кого да го оддалечи… благодарам, заврши таа.
фото: Facebook/ Suzana Turundzieva