Радио Милева трогателен текст

Северина уште еднаш се огласи за своето старателство над синот: „Откако се роди, бевме само ние двајца“ (фото)

Северина уште еднаш се огласи за своето старателство над синот: „Откако се роди, бевме само ние двајца“ (фото)

Популарната хрватска пејачка Северина Вучковиќ се огласи на својот Инстаграм, во врска со одлуката на судот во Сплит за старателството на нејзиниот син.

Таа објави фотографија од графитот на кој се гледаат таа и нејзиниот син, а на него додаде и трогателен текст.

„Го носам од кога ми беше мала капка на дланката. Откако се роди, бевме само ние двајца. Првиот заб, првата температура, првите чекори. Тато повремено се појавуваше (како и ден денес) и заминуваше.

И тогаш одеднаш реши да стане татко. Оттогаш, речиси 11 години, траат тортурата и агонијата на моето дете и јас. Сослушувања, рочишта, распити, извештаи, вештачења.

 – Знаеш дека не си направил ништо лошо. И не можете да верувате дека тоа ви се случува повторно. И тоа не е твоја вина. Никогаш не сум го кренала гласот на моето дете, а камоли за такво нешто.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Апсолутно нема причина детето да не живее во домот каде што е родено, со мене, со баба му, со луѓе кои ги познава од раѓање“, порача Северина на својот Инстаграм.

Таа ја додаде и својата изјава за Хрватски Национал, кој прво ја објави веста дека Врховниот суд ја поништил пресудата на Жупанискиот суд во Сплит, со која е прекршен Законот за граѓанска постапка.

To top