Кристина Киа Коцкар вчеравечер требаше да се појави во финалето на „Задруга“ во фустан на Цеца Ражнатовиќ и нејзин накит, кои балканската ѕвезда и ги прати како специјален подарок.
-Киа ми се допаѓа како личност, јас не влегувам во меѓучовечки односи во „Задруга“, таа за мене е силна жена и поради тоа сакав да ја изненадам, кажа Цеца. Сепак, Киа не го облече фустанот бидејќи не и одговарал.
Инаку, Цеца и Киа се запознале во една прилика во авион каде Киа работела како стујардеса. Таа тогаш била девојка на Слоба, па и пришла на пејачката со цел да и каже да посвети внимание на нејзиниот сакан, а нејзе тој гест и бил симпатичен.