Во „Ѕвездите на Гранд“ македонските кандидати отсекогаш биле и важеле за едни од најдобрите во шоуто. Таков е случајот и сега со учеството на велешанецот Мики Секуловски кој кога и да се појави на сцена го фрла жирито во транс.
Во изминатотот издание тој со неговото и повеќе од одлично претставување беше ставен на пиедестал од страна на жирито кое и овој пат го гледаше и слушаше нашиот Мики со восхит. Го нарекоа дури Мики Велики, а имаа уште доста ласкави епитети кои и тоа како му годеа, а богами и му донесоа поени дури и за следните претставувања. Како и секогаш, така и овој паат Мики го фрли во сенка својот противкандидат Мирза Чаушевиш кој иако бeшe добар во изведбата, му се погоди пресилен противник.
-Бевте добри, се боревте, но покрај вас е кандидат на кој сцената му е дом, микрофонот е љубов, а вие така можете да го видите и слушнете. Браво, изјави Марија, додека Босанец додаде дека Мики е ајкула.
Ниту Ѓорѓе Давид не го криеше својот ентузијазам, предвидувајќи му голем успех.
– Кандидат број еден, само твоја несреќа е што налета на Гозила, но ми се допаѓа бојата на твојот глас. Македонче, мислам дека најприродната состојба ти е кога спиеш и кога пееш. Сигурно си финалист оваа година, кој ќе го оспори нека си оди дома. Подготвени си за албум, можеш да пееш кој било кавер, малку пејачи го можат тоа – објасни рокерот.
За Ана Бекута Мики е пејач со став, а Вики Миљковиќ и Снежана Ѓуришиќ се согласија со пофалбите.
Цеца пак, гордо им се заблагодари на колегите што го препознале талентот на Секуловски, за кој тврди дека е волшебно освежување, а исто така и дека е пресреќна што го има Мики во својот тим.
После многуте вакви пофалби јасно е дека Мики е на пат до победа, тој и Андријана Петрушовска се голема надеж дека летово Македонија ќе однесе уште една победа во „Ѕвездите на Гранд“!
View this post on Instagram
фото: Instagram printscreen/mikisekulovski/grand.online