Радио Милева убава глетка

Сања Кужет отпатува со семејството на одмор: Еве каде ужива бремената водителка (фото) 

Сања Кужет отпатува со семејството на одмор: Еве каде ужива бремената водителка (фото) 

Познатата водителка на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, Сања Кужет го чека третото дете, а второ со сегашниот сопругот.

Сања неодамна ја објави среќната вест за бременоста, а сега се повлече од малите екрани и реши да направи пауза.

Кужет со семејството отпатува на планина и деновите ги поминува во мирна средина, далеку од градската гужва, каде водителката нашла идилично место надвор од Белград.

За да го пренесе своето уживање, таа објави кратко видео, во кое нејзините следбеници можат да ја видат зимската идила и прекрасниот пејсаж.

Да потсетиме, продукцијата „Гранд“ се огласи кога водителката им откри дека е во блажена состојба.

– Гранд продукција влезе во 2024 година со среќни вести! Имено, со гордост можеме да истакнеме дека нашата водителка Сања Кужет е во блажена состојба и дека таа и нејзиниот сопруг Немања Живојиновиќ очекуваат син! Со оглед на тоа што е во четвртиот месец од бременоста, Сања нема да ја заврши оваа сезона како водителка на емисијата „Ѕвездите на Гранд“, туку ќе замине на породилно отсуство за време на кое ќе се посвети на чекање за најубавиот настан – објавија во Гранд.

Фото: printskrin/instaram/

To top