Мегафон Заедно на иста сцена

(ВИДЕО) Јелена Томашевиќ дојде во Скопје, а на оваа наша пејачка и направи особена чест

(ВИДЕО) Јелена Томашевиќ дојде во Скопје, а на оваа наша пејачка и направи особена чест

Српската пејачка и композитор, Јелена Томашевиќ, деновиве престојува во Скопје.

Причината за тоа е нејзиниот концерт кој ќе се случи оваа сабота(23-ти јуни) во Македонската опера и балет во рамките на „Скопско културно лето“.

Јелена заедно со оркестарот на МОБ ќе ги изведе своите композиции пред македонската публика, а дел од атмосферата за време на пробите во Скопје, објави и на својот Инстаграм профил.

Покрај нашиот оркестар, Томашевиќ како специјална македонска гостинка на сцена ја покани поп-пејачката Елена Ристеска,  која ќе застане и запее заедно со својата колешка од соседна Србија.

Еве како изгледаа на проба:

To top