Сопругата на славниот српски тенисер Новак Ѓоковиќ, Јелена, се породи кон почетокот на септември и на свет ја донесе ќерката Тара.
Многумина го чекаа нејзиното прво појавување во јавност по преубавиот чин за нивното семејство. Тоа се случи на концертот на Џошуа Бел кој пред неколку дена се одржа во Монте Карло.
Познатиот виолинист изрази желба да разговара со Новак и неговата сопруга во бекстејџот , а фотографите фотографиите не го пропуштија моментот.
Јелена се појави во краток црн фустан врз кој имаше бел елек, додека Новак пак се одлучил за костум и вратоврска. Очигледно е дека Јелена изгледа одлично, иако го затскри стомакот по широкиот фустан. Видливо е дека е во одлична форма да жена која се породила пред еден месец.