Скопскиот бенд „АнтиарТ“ , денес, среда, 20-ти јуни на Јутјуб каналот го објави нивниот прв официјален сингл и видео запис. Песната се вика „Mirror“ (Огледало) и е авторско дело на бендот. Видеото е изработено од режисерот Владимир Митревски -Ѓуле (камера Драган Паковски, фотограф Маја Јакимовска).
Дел од песната е снимен во студиото „Алшар“ на Ивица Јанкуловски, а за аудио едитирањето се погрижи Горан Гешовски.
Бендот е составен од 5 члена: Леана Таќи – Леа (вокал), Никола Бочваров (бас гитара), Давид Матевски (гитара), Гордан Спасовски (клавијатури) и Александар Ванчовски – Џигер(тапани).
До крајот на годината тие планираат да го издадат својот прв студиски албум, а со дел од своите песни публиката имаше можност да ги чуе и на овогодинешниот „РокФест“.