Немања Гудељ, играч од средниот ред на „Севиља“ и сопруг на Анастасија ражнатовиќ се здоби со сериозна повреда на теренот пред два дена. Лекарите добро ја процениле ситуацијата, па веднаш бил опериран, но тоа го доведе во прашање продолжението на сезоната и неговиот настап за српската репрезентација на претстојното Европско првенство во Германија.
Успешниот фудбалер го раскина менискусот на левото колено за време на натпреварот со Атлетскиот Билбао и веднаш го напушти натпреварот. Иако во првите моменти се претпоставуваше дека повредата не е сериозна, управата на „Севиља“ најави дека тој сепак ќе мора да оди во операциона сала.
Good news Nemanja Gudelj has had successful surgery.
He is expected back in 2-3 months according to Sevilla & shouldn’t miss the Euro’s. pic.twitter.com/Z0seardN9P
— Serbian Football (@SerbianFooty) January 10, 2024
Драган Стојковиќ Пикси, тренерот на Србија, се фати за глава, затоа што без Гудеj, одбрамбената линија на орлите не е иста. Сите со нетрпение го чекаа првата прогноза на докторот. За среќа, нема причина за страв.
View this post on Instagram
Немања вчера претрпе успешна операција и, според првичните информации, тој ќе се врати на теренот за два до три месеци. Ова е добра вест и за неговиот клуб и за српската репрезентација, бидејќи подготовките за Европското првенство започнуваат во април.
Најновата фотографија направена по операцијата, како и расположениот фудбалер влеваат надеж дека закрепнувањето ќе биде брзо и успешно.
фото:Instagram printscreen/ nemanjagudelj/ Twitter