Радио Милева вечен спомен

„Те сакам најмногу и засекогаш“: Огнен Здравковски се потсети на неговиот починат вујко, музичарот Зоран Џорлев

„Те сакам најмногу и засекогаш“: Огнен Здравковски се потсети на неговиот починат вујко, музичарот Зоран Џорлев

Пејачот Огнен Здравковски на неговиот Инстаграм профил на кратките приказни низ фотографии долови колку е тажен поради загубата на неговиот починат вујко, музичарот Зоран Џорлев.

Тој секоја година на денот на неговиот роденден споделува колку му недостига, а така беше и сега.

Зоран Џорлев почина на почетот на  2021  како последица од коронавирусот, а Огнен најпрво покажа колку таа година го „скршила“.

Сега во моментите исполнети со тага тој седнал и составил една емотивна порака која јавно ја сподели.

– Среќен роденден вујче мој… Мирно и со светол пат патувај кон вечноста и имај вечен спомен! Те сакам најногу и засекогаш!!! Фалиш најмногу…

Потоа го отвори албумот со спомени и објави  заедничка стара фотографија од нив двајцата додека свират виолина.

За потсетување, Џорлев беше еден од најпознатите виолинисти. Најпознат е по обработките на македонските народни и забавни композиции, обработки на филмски, џез, етно теми. Џорлев беше професор по виолина и директор на ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје. Во јануари 2011 тој беше назначен за директор на ансамблот за народни игри и песни „Танец“, каде остана до август 2017 година. Почина на 53 годишна возраст откако ја изгуби битката со короната.

Фото: PrintskrinInstagram/ognenzdravkovski

To top