Пејачката Сека Алексиќ ужива во мајчинството и семејниот живот, нешто што безброј пати го истакнала.
На 8 јануари во Белград падна првиот снег во новата година, а на среќата на нејзините наследници Јаков и Јован и немаше крај.
Сека прво го покажа пространиот двор кој беше покриен со снег, а изгледаше како од бајка.
Таа потоа ги снимила нејзините момчиња како се бркаат и си играат во снегот, не криејќи ја среќата.
Пејачката неодамна на Инстаграм откри што сакале нејзините момчиња за подарок, а со оглед на тоа дека Јован сакал играчка, а Јаков книга за вселената, нема сомнеж дека се доста скромни.
Фото: Printskrin/Instagram/seka_aleksic