Радио Милева возбудлив старт

Ване Маркоски посака патување, но го мачеше голем проблем за кој најде чаре: „На пат, ама душата на место“ (фото+ видео)

Ване Маркоски посака патување, но го мачеше голем проблем за кој најде чаре: „На пат, ама душата на место“ (фото+ видео)

Празничниот период и слободните денови од работа, барем за некои меѓу кои е и ТВ и радио водителот Ване Маркоски, едноставно е совршен за патување. Неговиот избор беше градот Тимиш во Романија.

Импресиониран буквално од се’ тој има топла препорака за посета во која вели дека градот ќе ве воодушеви.

-Градов е преевтин. 80 денари ви е еспресо во строг центар. Има магична божиќна атмосфера. Божиќен базар кој сеуште трае. Паркинг бесплатен за коли со странски таблици. Сега на ред е да се провери и каква приказна и аура шири навечер, напиша Ване во описот на видеото кое го сподели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vane Markoski (@vanemarkoski_)

Но, додека дојде до моментот да се ужива во се’ ова, Ване имаше проблем, поточно грижа за своите три кучиња. Кому да ги остави на чување, бидејќи сакаше слобода и не така комплициран момент за да ги понесе со себе.

Решение се најде, па Ване во случајот излезе како Дедо Мраз за своите крзнени миленици кои ги прати во хотел за миленичиња.

Газдата по хотели во странство, ама и тие за промена во хотел каде ќе добијат комплетен третман кој им е потребен.

Спокоен и сигурен, водителот се препушти на хедонизам од секој аспект.

Авантура и возбуда кон непознато кое за старт на 2024 тргна одлично!

фото:Instagram printscreen/ vanemarkoski_

To top