Пејачот Харис Џиновиќ ја дочека Новата 2024 година во Тиват, каде ги расположи Црногорците.
А додека пеењето му одеше „од ракав“, одбројувањето до полноќ не помина баш така.
За време на одбројувањето на самиот прием, Харис малку ги измешал бројките и на почетокот ги шокирал сите присутни. И самиот се запрашал што се случува, а многумина го снимиле неговиот лапсус и го споделиле на социјалните мрежи.
А освен ова, Харис направил уште еден гаф, а на сред овој настап, како што се шпекулира, испил алкохол од шише кое го имал во јакната. Му било ладно, па и покрај јакната и ракавиците, се трудел да се стопли на секој начин.
Ajd pa dobro jutro 😂🥃 pic.twitter.com/XRE6oVouWd
— Nina Krunić (@nina_krunic) January 3, 2024
Фото: Printskrin/Instagram/Х