Радио Милева не била раат

Новиот документарец открива дека кралицата Елизабета сакала да биде на мирно место, но тоа ја ставило во грижи

Новиот документарец открива дека кралицата Елизабета сакала да биде на мирно место, но тоа ја ставило во грижи

Во новиот документарец за кралското семејство, а во емотивниот сегмент, принцезата и ќерка на кралицата Елизабета Втора,Ана, говори за мајчината смрт и како се чувствувала кога видела како Царската државна круна за последен пат се трга од ковчегот на кралицата во капелата Свети Џорџ во Виндзор.

„Прилично чудно, почувствував олеснување – тоа е тоа, готово“, изјавила таа, па додала: „Таа одговорност се пренесува понатаму“.

Принцезата Ана која била исклучително блиска со покојната кралица и мајка во текот на својот живот исто така рекла: „Мислам дека постоеше момент кога таа почувствува дека ќе биде комплицирано доколку почине во Балморал. Се обидувавме да ја убедиме дека тоа не е нејзина грижа“.

Причината била големата организација за нејзиното испраќање и преместување на нејзиното тело во Лондон, но и доаѓањето на членовите од семејството кои последните денови со неа не биле во Балморал.

Но, многумина сметале дека е прикладно тоа што кралицата починала во Балморал затоа што многу ги сакала шкотските гори. Непосредно пред нејзината смрт во септември минатата година, ја посетил д-р Ајелн Гриншилдс којшто после тоа кажал дека таа зборувала дека е задоволна што е таму и дека ужива во мирот.

Принцезата Ана додала дека било случајност што тој тажен ден се нашла во Балморал. Објаснила дека само запрела во дворецот на враќање кон југ откако поминала неколку денови на западното крајбрежје на Шкотска.

По смртта на кралицата, Ана открила дека на нејзиниот брат му било тешко целосно да се подготви за моментот во којшто ќе дојде на престолот, без оглед на тоа што цел живот чекал на тоа.

фото:You Tube/ The Telegraph/ The Royal Family Channel

To top