Пејачката Сања Вучиќ привлече големо внимание во јавноста како членка на поранешната музичка група „Ураган“, а и по распадот на групата ѝ цветаат рози, како на деловен, така и на љубовен план.
Сања на почетокот на емисијата во која што гостуваше ја сумираше годината зад нас, и откри по што ќе ја запамети.
– Беше добра година за мене, година во која го објавив мојот прв албум како соло артист и можам да кажам дека сум навистина среќна. Тоа е нешто што ми ја одбележа оваа година – изјави Сања во „Амиџи шоу“, додавајќи колку била заљубена:
– Во љубовта се е во ред, и јас сум горда на тоа.
Да потсетиме, Сања веќе извесно време ужива во љубовта со младиот угостител Ненад Цицмила, а колку е заљубена говори и фактот дека тие не се разделуваат еден од друг.
Фото: Printskrin/(Ami G Show S16) YouTube