На почетокот на јули 2023 година, јавноста ја слушна веста дека пејачката Јелена Карлеуша и фудбалерот Душко Тошиќ се разведуваат по 14 години брак, во кој ги добија ќерките Атина и Ника. Јелена Карлеуша и Душко се уште живеат под ист покрив и се чини дека се уште барем формално во брак.
Јелена призна дека пријателите често ја советуваат да се обиде да ја реши ситуацијата, но таа не гледа излез. Во интервјуто кое неодамна го даде за магазинот „Стори“, таа зборуваше за животните удари кои ги претрпела, а на прашањето дали креативното работење на тешки проекти и помогнало да надмине се’ што и се случувало, искрено одговорила:
View this post on Instagram
– Ако мислиш на мајка ми, таа е мојата жива рана која не зараснува. Само што научив да живеам со тоа. Ако мислите на Душко, тој со сите сили се трудеше да ми ја отежне секоја секунда од животот и да покаже за каква животна грешка се работи – рече пејачката, додека Душко мудро молчи.
Тој никогаш јавно не проговорил за врската со пејачката, а само повремено објавува фотографии на својот Инстаграм.
Така беше и сега – фудбалскиот ас покажа со кого ја дочека Новата година. Во друштво на ќерката и братучетката за кои е многу приврзан.
Судејќи по фотографијата, најлудата ноќ ја поминале во семејната вила во Сењак.
фото:Instagram printscreen/ duskotosic