Со доаѓање на топлото време и повисоките температури официјално започна летната сезона и одморите.
Македонските јавни личности уште на почетокот на јуни заминаа некаде да ги наполнат батериите, да се наполнат со енергија пред да се вратат на своите ангажмани и секојдневни активности.
Пејачката Сара Мејс и нејзиниот сопруг Димитар Атанасовски одлучија да заминат кај нашиот јужен сосед. Младиот пар кој за неколку месеци ќе се оствари во улогата на родители на нивното прво дете, жешките денови ги поминува сончајќи се на плажа.
А како си поминуваат Сара и Димитар може да видите на Инстаграм, каде што Димитар објави фотографија заедно со неговата сакана, а во описот на фотографијата порача:
„Првпат на одмор 2 и ½“ мислејќи на бебето кое го чека Сара.
Инаку, Сара Мејс кон крајот на летото треба да се породи и да стане мајка на своето прво дете, односно познатата пејачка и водителот неодамна открија дека очекуваат девојче.
фото:инстаграм