Радио Милева откри

„Кога човек ќе престане да има желби, тој почнува да се затвора, а јас сум полна со желби“:  Цеца во Новата година влегува со големи очекувања (фото) 

„Кога човек ќе престане да има желби, тој почнува да се затвора, а јас сум полна со желби“:  Цеца во Новата година влегува со големи очекувања (фото) 

Цеца Ражнатовиќ во Новата година влегува со големи очекувања  и како што вели, има многу желби.

Таа во едно интервју призна што и пречи, но и што сака кога е во прашање нејзината публика, а зборуваше и за албумот кој се подготвува.

Годината што ја остава зад себе за Цеца, беше и добра и лоша, но вели дека на крајот најважно е сите да сме живи и здрави:

– Годината беше шарена. Како и да го свртам, ние сме живи и здрави и тоа е најважно – кажала Цеца и открила дека оваа година била работна година за неа.

– Имаше толку многу концерти што немав време да се организирам и да си дозволам одмор. Но, морам да кажам и дека за сметка на одморот го доживеав дружењето со мојата публика која беше во огромен број на сите концерти и тоа е најубавата енергија што може да ја доживее една пејачка – изјави таа.

Следната година пејачката ќе ја воодушеви својата публика со албум.

– Го чекам и албумот. Се работи, па ќе видиме. Не сакам да давам ветувања што не се случуваат. Се работи за уметност. Ова не е купување цемент, блокови и градење куќи. Ова е прашање на инспирација, креативност, не можеме да седиме и да правиме песна. За тоа треба да дојде инспирација. Затоа има толку многу чекање и затоа на сите проекти се работи долго, затоа што се дотеруваат  и менуваат. Се надевам дека мојата публика има разбирање за сè што чека.

Пејачката во новата година влегува со многу желби

– Секакви работи, од албуми, концерти, до некои приватни работи – лични и интимни желби. Кога човек ќе престане да има желби, тој почнува да се затвора, а јас сум полна со желби– откри таа за емисијата „Блиц дан“.

Фото: Printskrin/Instagram/cecaraznatovic

To top