Новогодишните и божиќните празници се на чекор пред нас, а познати личности ги украсија своите домови и ги накитија своите елки.
Истото го направи и Јелисавета Орашанин, а вниманието го привлече и нејзината елка.
Покрај тоа што е природна, која ја засадила во голема саксија, украсите прават посебен момент. Како што можете да видите, тие се направени од картон, така што и дава посебен шарм на нивната елка.
Освен елката, Јелисавета покажа и друг дел од станот каде има и елки од картон и Дедо Мраз нацртан на хартија.
Да потсетиме, минатиот месец актерката го прослави својот 35-ти роденден во еден ресторан во друштво на своите пријатели.
Она што на сите им падна во очи е тоа што на прославата не присуствуваше нејзиниот сопруг, кошаркарот Милош Теодосиќ.
Јелисавета за оваа пригода избра сив мини фустан кој ги истакна нејзините атрибути, особено долгите нозе, но и деколтето.
View this post on Instagram