Јелена и Новак се многу зафатени, што со синот Стефан и ќерката Тара, што со кариерата на тениски ас. Сепак, бројните обврски не се пречка за уредување на домот, а празниците во домот на Ѓоковиќ никогаш не биле поубави.
Како ја накитиле елката годинава покажа тенискиот ас кој од својот топол дом на сите им посака среќни празници. Многумина забележаа дека Ѓоковиќ посебно се потрудил со новогодишното украсување.
Новогодишната елка е одлично украсена во златни и крем тонови, а сосема е сигурно дека наследниците на Новак биле неизмерно задоволни од неа.
View this post on Instagram
Новак и Јелена се грижат сите празници да ги поминат заедно, особено Божиќ.
Да потсетиме, Новак беше одликуван со Орден Свети Сава од прв степен, што е највисокото признание кое го доделува СПЦ за добротворни цели и посветеност на религијата. Оваа награда му беше доделена „за љубовта кон црквата и помагањето на српскиот народ и светите места на Светата црква, особено на Косово и Метохија“, рече тогаш патријархот Иринеј.
фото:Instagram printscreen/ djokernole