Марија Шерифовиќ стана мајка на 2 декември 2023 година. Синот Марио го доби со помош на сурогат мајка од Соединетите Американски Држави, а неодамна се врати во Србија со него и нејзината новопечена баба Верица.
Пејачката детално го опишала патувањето со синот во Србија, каде доживеале мала непријатност за време на летот.
– Денеска е 21 декември и заедно со супер Марио заминувам за Белград. Воопшто не спиев овие дваесетина дена – објави Марија и напомена дека е под голем стрес.
Баба Верица не се чувствувала најдобро поради долгиот пат со бебето од само дваесет дена.
– Господинот Марио патува во прва класа, и јас првпат летам во таа класа и не придружува прекрасна госпоѓа за да стигнеме што побрзо. Верица уфрли: кажи ѝ да не оди толку брзо, не возиме компири – ги кажа Марија првите впечатоци пред да полета.
– Поминувањето на оваа контрола беше најстресното нешто што сум го доживеала во животот. Господинот до пред малку спиеше дома, браво мајсторе, а сега жубореше млеко – објасни Марија која јадеше од стрес додека чекаше да се качи во авионот.
– Не спиев ниту една минута. Марио спиеше, јадеше три пати. Најчесто лесно патување. Сине, благодарам, благодарам… – рекла Марија, а потоа слетале во Минхен, од каде заминале за Белград.
Марија била возбудена и среќна што ќе го донесе синот во Србија. Таа на својот Инстаграм профил покажа дека му приредила голема забава на својот наследник, а малиот веќе ужива во својот нов дом, во прекрасно уредена соба.
фото:Instagram printscreen/ serifovic