Радио Милева црно на бело

„Го фатив во измама“: Сека Алексиќ откри детали од приватниот живот кои никој не ги знаеше (фото) 

„Го фатив во измама“: Сека Алексиќ откри детали од приватниот живот кои никој не ги знаеше (фото) 

Популарната пејачка е посветена на семејниот живот, а со задоволство зборува за најубавите моменти кои ги поминува во својот дом опкружена со своите најблиски.

Сека Алексиќ денеска е среќно мажена за сопругот Вељко Пиљикиќ, со кој има два сина Јаков и Јован.

Пејачката редовно се појавува во јавноста и споделува фотографии на социјалните мрежи, но досега не ги изложувала своите партнери пред медиумите.

Таа сега проговори за своето минато во подкаст и откри дека фатила еден од нејзините поранешни партнери како ја изневерува.

 – Еднаш доживеав дека ме изневерува и сама го открив“, изјавила пејачката, пренесува „Блиц“ и додала:

„Копав, бидејќи чувствував дека сум во право. Од него забележав дека нешто се случува и јас сум виновна што не го средив тоа брзо. Го чувствував тоа и порано и сакав да раскинам со таа личност, но ете, чекав да го видам тоа црно на бело“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SEKA ALEKSIĆ (@seka_aleksic)

Како што кажа Алексиќ, таа веднаш ставила точка на таа врска, а потоа во нејзиниот живот се појавил Вељко, нејзиниот сегашен сопруг.

Да потсетиме, пејачката Сека Алексиќ има два сина Јован и Јаков, а своевремено ја сподели својата приказна за борбата за потомство. Како што тогаш изјавила пејачката, отишла на ин витро, а ги послушала и советите на својот свештеник. 

Фото: Printskrin/Instagram/seka_aleksic

 

To top