Пејачката се пофали со имотниот лист, а откри и дека има симпатија. Гога Секулиќ откри како моментално стои на љубовниот фронт, но отворено проговори и за недвижностите.
– Имам симпатии, но само тоа ќе кажам. Сè уште имам пеперутки во стомакот кога ќе помислам на тоа. Нема да кажам кој е, бидејќи повеќе нема никого да рекламирам, но да, имам симпатија – изјавила Гога.
Секулиќ се осврна и на приказната дека нејзиниот поранешен сопруг веќе го обезбедил нивниот син и му купил стан во Дубаи.
– Така е, на нашиот син му купи стан за неговиот петти роденден. Не гледам што е проблемот. Човекот сакаше да го обезбеди навреме. Бидејќи пејачите се фалат дека имаат многу недвижен имот, ќе кажам и јас, имам два стана и една кола. Станот во Врачар вреди 300.000 евра. Уредно го платив данокот на тоа – рече со насмевка Гога во емисијата „Премиера – викенд специјал“.
Фото: Printskrin/Instgaram/sekulicgoga