Радио Милева насмевка секогаш треба

Водителката се огласи од болница: Марија Килибарда завршила на инфузија (фото)

Водителката се огласи од болница: Марија Килибарда завршила на инфузија (фото)

Последната објава на водителката Марија Килибарда загрижи голем број следбеници, бидејќи таа се огласи од болница.
Имено, Марија откри дека е на инфузија, а она што многумина ги изненади е фактот што таа се смешка и лежерно ги пробува колачите кои и ги сервираше болничкиот персонал.

-Имам одлични лекари и клиника во која се чувствува добро дури и кога е полускршена и со болки – напиша Марија под објавата.

Да потсетиме, Марија веќе три години е во хармонична врска со Банет Вучелиќ, синот на актерката Љиљана Драгутиновиќ и повеќе не го крие од јавноста, па на интернет објавува заеднички фотографии.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by marija kilibarda (@kilimara)

– Ги надминав психичките проблеми. Ми требаа три години да се распаднам на најситни парчиња. Сè ме болеше, бидејќи не бев она што другите го очекуваа од мене – домаќинка и мајка. Без него немаше толку лесно да го поминам тешкиот период зад нас. За една година поминав повеќе време со него и доживеав повеќе размени отколку со кој било поранешен партнер во долги врски. Со тоа сè побрзо излезе на површина, и убаво и грдо. И знаев дека ако ги пребродиме првите неколку месеци од карантинот, тоа ќе биде убава стабилна врска – изјави претходно Марија, пишува Блиц.

фото:instagram printscreen/ kilimara

To top