Радио Милева тажно и жално

“Луѓето имаат предрасуди“: Александра Младеновиќ проговори за сајбер насилството (фото)

“Луѓето имаат предрасуди“: Александра Младеновиќ проговори за сајбер насилството (фото)

Александра Младеновиќ ја отвори  душата и проговори за негативните коментари на кои наидува од самиот почеток на нејзината естрадна кариера.

– Порано читав коментари и навистина ме погодуваа додека не созреав и не научив дека не треба да ме интересира. Доживеав сајбер насилство, го доживеав кога имав здравствени проблеми. Тешко поминував низ тоа, но тоа веќе не ме засега – истакнала Младеновиќ, а потоа додала:

-Сега не ги читам коментарите, но и кога ќе ги видам сум во режимот „Супер другар“. Некој ми напиша нешто навредливо, па му реков дека ни хирург не може да му помогне. Ги имам и тие моменти кога враќам со иста мера.

Меѓутоа, како што вели и самата, по неколку години поминати на сцената, Александра научила важна лекција, а денес ни најмалку не ја интересираат судовите и мислењата на другите луѓе.

– Сега сето тоа ми е забавно, не ме навредува и не ме засега. Научив да не го читам сето тоа. Но, луѓето имаат предрасуди. Мислат дека ние познатите не одиме во тоалет, не спиеме, не јадеме. Сите сме луѓе, без разлика дали сме познати или не. Иако тажно и жално што секогаш фрлаат со дрвја и камења, а всушност сме тука да пееме и да го развеселиме народот. Ние ја правиме најдобрата работа! Не треба ништо да коментираме, само да пееме. Не можеш да ги задоволиш луѓето – рекла Александра.

Фото: Printskrin/Instgaram/aleksandra_mladenovic_

 

 

To top