Радио Милева многумина сонуваат за тоа

Цеца купи луксузен стан на Копаоник: Пејачката ќе ужива на популарната туристичка локација (фото)

Цеца купи луксузен стан на Копаоник: Пејачката ќе ужива на популарната туристичка локација (фото)

Фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ купила луксузен стан на Копаоник во кој ќе може да се всели од 1 јануари.

Имено, таа во зимските денови често е на Копаник и на одмор, но и поради сезоната и работата, односно настапите.

Пејачката претходно престојувала во луксузни хотели и апартмани на Копаоник, а за да има целосен комфор, Цеца решила да пазари недвижнини во оваа зимска бајка, пишува „Блиц“.

Цеца одамна планира да си обезбеди стан на Копаоник за себе и за своите најблиски, а пред настапот на 1 јануари следната година ќе ужива во топлината на својот дом на популарната туристичка локација, која неодамна ја купи.

Во истата зграда каде Цеца го купила станот, порано живеел и најдобриот – Новак Ѓоковиќ.

Да потсетиме, пејачката неодамна го прослави празникот Свети Никола во вила на Дедиње каде и доаѓаа разни гости, од пејачки до политичари.

Фото: Принтскрин/Instgaram/cecaraznatovic

To top