Младата пејачка Николија Јовановиќ за нејзината мајка, легендарната фолк ѕвезда Весна Змијанац, на која во март и беа вградени два бајпаса и стент вели дека е неуморна и дека на големо им се вратила на настапите.
– Не запира, работи повеќе од мене! Таа оди со најбрзо можно темпо, не можам да ја достигнам да бидам искрена. Но, мислам дека тоа ја движи. Па ако таа е добра, јас сум уште подобара. Секојдневно и се јавувам да ја прашам дали е добро – изјавила Николија за еден тамошен медиум и додала дека планира дует со мајка и:
– Тој дует секако ќе биде емотивен. Треба да биде микс од мојот и нејзиниот жанр, но таква песна сѐ уште не сме нашле.
Јовановиќ од почетокот на кариерата ја споредуваат со мајка и иако не изведуваат иста музика. Поради ова често е мета на негативни коментари на социјалните мрежи. Николија признава дека критиките ја засегаат.
– Јас сум човек, не можам да останам имуна на негативни коментари. Ако се чувствувам добро, не можат да ме вознемират. А кога сум во минус фаза се влијае на мене. Луѓе сме и не можеме да останеме рамнодушни… – искрена е пејачката.
Фото: Printskrin/Instagram/nikolijaofficial/vesna_zmijanac_official