Сигурно многупати досега сте слушнале за некому да кажат дека личи на овој или на оној, како и тоа дека некаде на земјината топка секој од нас има свој двојник, ако не и повеќе, барем визуелно.
Во најновото издание на „Ѕвездите на Гранд“ ние ја пронајдовме, односно забележавме двојничката на нашата пејачка Викторија Лоба.
Визулено толку многу потсетуваат една на друга, што доколку во прв момент не прочитате за кого се работи, ќе помислите дека Лоба решила да запее на Гранд.
Но, станува збор за младата 24 годишна Хрватка Бета Судар која застанa на сцената на „Гранд“ и со своето претставување ја доби наклонетоста на жирито.
Русокосата натпреварувачка носеше црна едноставна тоалета, впечатлива шминка и пуштена права коса. Интересно е тоа што со Лоба освен што изгледаат доста слично, сакаат да пеат, а не се далеку ниту од модниот израз.
Бета Судар е поранешна фудбалерка, но од мали нозе знаела дека пеењето и музиката се она во што најмногу се пронаоѓа. Живее во Валпово- Хрватска, а и покрај тоа што се натпреварува во ѕвездите на Гранд, таа веќе неколку години работи на својата музичка кариера, па дури и двапати пеела на „Дора“.
За тоа дали Лоба или Бета пее подобро, нема потреба да оценуваме, но затоа дека постои сличноста меѓу нив, нема дилема.
Во продолжение слушнете како пее Бета Судар на последното претставување на „Ѕвездите на Гранд“:
View this post on Instagram
Фото: Instagram printskrin/ betasudar_/ victorialoba