Радио Милева љубовен адреналин

На мама Марија Шерифовиќ првите ноќи со синчето не и се лесни: Можеби нема искуство со бебиња, но затоа е вешта во пеење приспивни (фото)

На мама Марија Шерифовиќ првите ноќи со синчето не и се лесни: Можеби нема искуство со бебиња, но затоа е вешта во пеење приспивни (фото)

Марија Шерифовиќ на почетокот од месец декември добила бебе по пат на сурогат мајка, а веста за мајчинството на познатата пејачка го преплави регионот.

Токму кога помисивме дека Марија исто како и процесот на реализирање на улогата на родител ќе ги крие од јавноста приватните моменти со бебето, таа прави сосема спротивно.

Имено, вчера на своите „стори“ на Инстаграм објави како го шета бебето во количка низ сончевиот Лос Анџелес, а сега објави како го заспива малиот Марио.

Иако сигурно и се тешки првите ноќи со новороденче, таа е вешта и расположена, истрајна со засилување од љубовен адреналин.

Марија го заспива синот со песна, а тоа сакаше да им го покаже на следбениците и да се пофали како и минуваат првите мајчински денови.

Уморна, ама распеана бидејќи и се исполни најголемата желба која со години ја посакауваше.

фото: Instagram printscreen/ serifovic

To top