Познатата актерка Хедер Локлир се обиде да се самоубие, поради што е пренесена на болничко лекување.
Според пишувањата, член на семејството на познатата актерка побара помош поради тоа што Хедер се заканувала дека ќе самоубие. Таа е пренесена во психијатарска болница.
Полицијата доби повик во недела околу 15:50 часот, па отогаш актерката е на лекување, а за среќа никој не е повреден.
Во февруари Локлир беше приведена во полиција бидејќи физички се пресмета со момчето. А како што пренесуваат медиумите таа нападнала и двајца полицијаци, по што беше обивинета за физичко насилство и уште три прекршоци.
Актерката неколку пати беше на рехалибитација.
https://youtu.be/p4bj3WfRukU