Фолк пејачот Миле Китиќ ја има ќерката Елена, а пред извесно време во јавноста се појави приказна дека има вонбрачно дете, за што пејачот отворено проговори.
Миле тогаш раскажа се за својата вонбрачна ќерка, но и за внуците:
– Излезе дека Миле Китиќ има уште една ќерка. Па, имам ќерка од првиот брак, тоа не е тајна. Таа има четириесет и нешто години. Пишуваат дека живее во Германија, а живее во Белград… Во контакт сме, со неа се дружи и Елена, само што се нашле на Златибор – рекол најпрво.
– Мојата внука е балерина во Амстердам, внук ми заврши факултет, се е на свое место. Често прашувам дали треба нешто и помагам колку што можам – додаде Миле за „Свет“, појаснувајќи ги шпекулациите.
– Вонбрачниот син на Миле Китиќ е само приказна. Ме бркаше некоја лудачка низ Германија, реков дека е психопат и ме тужеше. Отидовме на суд, јас ги платив судските трошоци затоа што не може јавно да кажеш дека некој е психопат. Но, тоа беше навистина многу одамна – објаснил пејачот.
-Нема ништо од вонбрачниот син, што сакаат можат да кажат. Да имав син ќе го препознаев, ако е мој секако – заклучил Миле.
Фото: Printskrin/Instgaram/