Пејачката Наташа Беквалац го најави својот новогодишен настап , а по тој повод откри и како станала една од гостинките на четвртиот концерт на Александра Пријовиќ во Загреб.
– Лежев на задното седиште. Спиев. Мене ме возеше менаџерот и видов дека ме бара Александра. Разговорот не траеше подолго од една минута. Така фина, како што е таа, ме праша. Реков: „Сакам, секако дека сакам“. Кога луѓето се лесни, лесни се и договорите – изјавила Наташа.
Тaa се осврнала и на изминатата година.
– Беше фантастична. Имаше многу подеми и падови. Мене ми беше убава. Сите ми се убави кога моите деца се добро – изјавила таа, а потоа открила на кого секогаш ќе вели „да“.
– Зависи како кој, но пријателите секогаш можат да очекуваат „да“ од мене.
Фото: Принтскрин/Instgaram/bekvalceva