Радио Милева чувства

„Влегувам во собата и плачам…“: Исак Шабановиќ проговори за товарот на славата (фото)

„Влегувам во собата и плачам…“: Исак Шабановиќ проговори за товарот на славата (фото)

Исак Шабановиќ по учеството во „Ѕвездите на Гранд“ каде од почетокот важеше за еден од фаворитите, се најде под голем притисок од јавноста.

Во интервју за медиумите тој зборуваше за товарот на славата, големите очекувања, а се осврна и на неговата моментална психичка состојба.

Пејачот најпрвин призна дека животот целосно му се променил по учеството во „Ѕвездите на Гранд“, а истакна дека занимавањето со музика често носи голем товар, што му се случило по првото појавување во јавноста.

– Има повеќе добри страни, но тие добри работи секогаш брзо поминуваат. Некако сакав да бидам што е можно попристапен за луѓето, што многумина велеа дека не е добро, но јас ќе се држам до она што е добро и ако луѓето мислат дека сум потфрлил, не сум, и се уште работам – објаснил Исак.

Пејачите често мораат да ги кријат емоциите за да ѝ го дадат најдоброто на публиката на сцената, а токму тоа му се случи на Исак, кој призна дека многупати морал да ги сокрие своите вистински чувства и моментални расположенија. Сепак, со текот на времето, конечно успеал да најде рамнотежа во тоа.

Сега ми е главата во ред, влегуваш во соба и плачеш пет-шест часа и тогаш си добро. Имаш толку притисок, толку многу се… Најлошо ми е кога ми велат „У, колку ти е добро, имаш жени околу тебе, пари и уште пееш“ – рекол Исак.

По вртоглавиот успех кој го постигна благодарение на конкуренцијата, пејачот откри дали е задоволен од насоката во која се движи неговата кариера денес.

– Горд сум, но не сум задоволен, во смисла на тоа што сум, и до каде стигнав, и до каде можев… Неколку мои грешки, неколку туѓи грешки, но има време – рече тој и продолжи:

– Секогаш ќе има време, но нас нема да не има. Мојата желба е сето тоа да заврши како што треба.

Фото: Printskrin/Instagram/isakciksy

To top