Радио Милева сфатете ме како сакате...

Панчо – ДНК жестоко го впери прстот во поедини колеги од естрадата и јавниот живот: “Сите кои си ги промовирате вашите настани на овој ден сте обични бедни безрбетници“ (ФОТО)

Панчо – ДНК жестоко го впери прстот во поедини колеги од естрадата и јавниот живот: “Сите кои си ги промовирате вашите настани на овој ден сте обични бедни безрбетници“ (ФОТО)

Огромната болка по невидената трагедија што деновиве ја потресе македонската јавност се’ уште не стивнува. Можеби шокот и неверувањето полека се претвораат во соочување со реалноста од која нема враќање, но од трагедијата  треба да се извлечат поуките и направи се’ вакво нешто никогаш и никому да не му се повтори.

По трагедијата емпатија и сочувството беа речиси колективна одлика на целата нација која тагуваше по невината жртва, чиј детски живот наслино беше одземен. Но, како што вели старата поговорка: „Во секое жито мора да има и плевел“, го имаше и овој пат, во овој случај.

Како што веќе пишувавме кога веќе политиката немаше ни доблест ни совест да прогласи ден на жалост, другите имаа. ТВ емисиите од забавен карактер беа откажани, настаните и концертите – одложени, промоциите на нови песни и музички видеа – пролонгирани…

Зашто ако имате барем тронка чувство на емпатија, барем парче душа пред ваква трагедија, не ќе имате совест да се однесувате како ништо да не се случило. Особено ако професијата ви е да ги забавувате масите, а  никому не му е до забава.

Тоа бргу го сфатија повеќето од естрадно-забавниот свет, иако некои не веднаш и не баш сите…

Ова изнервира многумина кои коментираа на социјалните мрежи жестоко реагирајќи на тоа како може во вакви моменти на траор и тага некој да си тера забава, веселба, музика, да си промовира ивенти, настани, настапи… Ако веќе власта нема сенс за тоа дека во вакви околности Македонија барем 24 часа требаше да биде земја на тагата, како што тоа на пример го направи соседна Србија која се случи масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“, тогаш секоја индивидува  мораше да има барем малку душа да ја сподели тагата за невино загубената детска душа.

Еден од оние кој најмногу изнирверина најжестоко изреагира на социјалните мрежи вперувајќи го прстот во своите „неразумни и бездушни колеги“ од естрадата кои ја игнорираа болката и тагата по објвата за смртта на малата Вања, беше Панчо – ДНК.

Владимир Блажев како што му стои во личната карта и овој пат имаше што да каже и кого да прозве крајно изнервиран од односот на некои свои колеги кон „траорната стварност“!  Изваден од такт, тој своите профили на социјалните мрежи ги опсипа со жестоки „комплименти“ оние свои колеги кои ниту смртта на малото девојче не ги допрела, па како да ништо да не се случило си ја терале својата испланирана агенда од промоции, настапи, ивенти, прослави, родендени… На таквите пејачки, старлети, инфлуенсерки… естрадни јавни фаци,  Панчо им порача:

 

Фото: Facebook/Vladimir Blazev

To top