Пејачката Сања Вучиќ е позната по изјавата „ никој не флертува со мене, не ме мува“ “ која насмеа многумина, а сега откри дека ситуацијата и понатаму е иста.
Сепак, една клучна работа е сосема поинаква, Сања сега е зафатена, но момците се уште не и приоѓаат.
– Многу деца го имаат мојот телефонски број, па ги блокирам, неуморни се, а јас морам да спијам. Немам повеќе додворувачи, бидејќи знаат дека сум зафатена, никој не се интересира за мене – рекла Сања.
Сања се осврна и на тековната 2023 година.
– Годината беше многу плодна, особено кога зборуваме за моите настапи на сцена. Беше прекрасно и се надевам дека следната ќе биде уште подобра. Сакам да правам песни и концерти во следната година, не сакам да се мажам, сега сум кариеристка. Среќата, здравјето и љубовта никогаш не недостасуваат. Побарувачко е да се посветиш на приватниот живот и работа, немаш енергија за се, но кога имаш некој што те поддржува тогаш е многу поедноставно – истакнала пејачката.
– Драго ми е што сум со луѓе кои се многу разбирливи, сите знаат што правам.
Сања е позната и по експериментирањето кога е во прашање физичкиот изглед.
– Многу сум неодлучна за мојата гардероба, се трудам да ја правам едноставна и да го носам она што ми се допаѓа, не трошам многу време на неа. Мојот дечко е критичар, но ретко го слушам – заклучила таа за Блиц.
Фото: Printskrin/Instagram/sanjalilwolf