Снаата на познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ, Сашка Веселинов Ѓоковиќ на социјалните мрежи покажа како таа и нејзиниот сопруг Ѓорѓе го изненадиле наследникот Александар.
На една од фотографиите кои таа ги сподели ја гледаме со многу играчки.
– Александар има прекрасни родители. Мама и тато одат навечер во забавен парк и освојуваат играчки, а потоа наутро го прават среќен – изјавила Сашка во објавата од Дубаи.
На втората фотографија го гледаме братот на Нолет како носи исти играчки, а ова секако им се допадна на многумина кои ги следат.
Фото: Принтскрин/Instagram/saskaveselinov