Пејачот Радиша Трајковиќ Ѓани се огласи на социјалните мрежи и откри дека има голема причина за славење.
Имено, пред точно три години на фолкерот му се роди внукот Никола, а гордиот дедо сега сподели фотографија полна со емоции.
– Да бидеш жив и здрав – напиша Ѓани заедно со фотографијата на која го бакнува внукот додека го држи во раце.
Никола е првиот внук на Ѓани, а го доби откако во 2020 година се породи снаата на пејачот Нина, сопруга на постариот син Милош. А кога се роди Никола, немаше повесел од фолкерот.
„Ни се јавија сите, вклучително и Саша Матиќ и Пејовиќ, многу благодарам на сите. Ќе славиме еден месец, додека не дојдат сите кај нас.
Ѓани и неговата сопруга Слаѓа, инаку, имаат три внуци, внуците Никола и Лава, а неодамна се роди и внуката Ника.
Фото: Принтскрин/Instgaram/djanimusic